Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Распит на градежните вештаци – продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

/

Македонија

Сподели преку :

Денеска во судницата во Идризово со изведување на градежното вештачење на дискотеката „Пулс“ и распит на вештите лица што го изработиле, ќе продолжи судењето за пожарот во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

На минатото рочиште беше кажано дека вештачењето покажало  дека ниту стандардите, ниту регулативата и процедурите биле почитувани при реконструкцијата и пренамена на објектот во кој ќе биде сместена дискотеката „Пулс”.

–Градежното вештачење за жал покажа недвосмислено дека во „Пулс“, системот, односно институциите и поединците целосни не функционирале. Не биле почитувани ниту стандардите, ниту регулативата, ниту процедурите. Оние процедури кои треба да обезбедат почитување на стандарди и регулативи. Или едноставно не било почитувано ништо, изјави Горан Марковски, професор на Градежен факултет при УКИМ.

Заклучокот е дека објектот воопшто немал некаква заштита од пожари.  А на парашње на обвинитлеството дали при вештачењето нашле било каков детал во насока на зголемување на безбедноста на посетителите на дискотеката, Марковски изјави за жал не.

Непочитување на стандарди, регулатива и процедури покажало градежното вештачење на „Пулс“

Ниту Стандардите, ниту регулативата и процедурите биле почитувано при реконструкцијата и пренамена на објектот во кој ќе биде сместена дискотеката „Пулс", покажало вештачењето на градежниот факултетет по пожарот во кочанската дискотека во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. -Градежното вештачење за жал покажа недвосмислено дека во „Пулс“, системот, односно институциите и поединците… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2