Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Судење за „Пулс“: Објектот во 2012 нелегално станал дискотека, а општината била надлежна да провери

/

Македонија

Сподели преку :

Од објект за лесна индустрија во 2012 година нелегално станал дискотеката „Пулс“. Ова денеска го сведочеше вештото лице Душица Трпчевска Ангелковиќ која пред судот за пожарот во „Пулс“ изјави дека објектот пред 14 години започнал да се користи со намена дискотека или кабаре што е спротивно на неговата намена утврдена со урбанистичкиот план и законите. Сопственикот, според неа, можел да иницира измена на ДУП-от, но тоа не го сторил.

„Наместо да изберат леглални можности, инвеститорот се одлучува да направи нелегална пренамен на дел од објектот постапувајќи спротивно од одредбите на Деталниот урбанистички план и регулативата која го оредува урбанистичкото планирање и градењето“, рече Душица Трпчевска Ангелковиќ, вешто лице

Суштинското прашање е како објект кој немал документација за соодветна намена повеќе од една деценија како можел да функционира како кабаре и дискотека, изјави Александар Наунов во име на родителите на жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“.

„Повеќе од една деценија не е пропуст. Не е превид. Не е еден погрешен документ. Тоа се години во кои институциите имале обврска да постапуваат, затоа мора да се утврди кој знаел, кој потпишувал, кој контролирал и кој бил должен да го спречи тоа. За секој потпис, за секој издаден акт и зад секоја неизврешна контрола стои институционална одговорност која мора да биде испитана“, рече  Александар Наунов, родител на една од жртвите во „Пулс“ .

На прашање на обвинителството дали општината можела да спречи во „Пулс“ да се извршува угостителска дејност вештото лице Трпчевска Ангелковиќ одговори дека градоначалникот е надлежен за издавање на сите одобренија и општината е таа која треба да контролира за што објектот се користи.

„Реакцијата на општината би била преку соодветните служби. Тоа се инспекциските служби кои согласно член 97 став 3 од Законот за градење доколку констатираат дека во некои објекти е извршена нелегална пренамена спротивно на постапката за пренамена кој ја утврдува истиот закон имаат право на сопственикот да му наложат да го врати објектот во првобитната состојба“, рече Душица Трпчевска Ангелковиќ, вешто лице.

Според вештото лице, без разлика што „Пулс“ имал лиценца за угостителски објект, градежната инспекција има овластување да реагира доколку е извршена нелегална пренамена на објектот. Во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“на 16 март минатата година за време на настап на групата ДНК, загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Марија Митевска

Jumbo 2