Дванаесет лица загинаа а десетици други се повредени откако автобус кој превезувал полски туристи излетал од патот во Унгарија. Несреќата се случија еден час по полноќ, кога автобусот излетал и се превртел во ендекот покрај патот.
Унгарската полиција го приведе возачот, под сомнение дека заспал на воланот.
35 од вкупно 57-те патници и двајца возачи досега се спасени од автобусот. Унгарските спасувачи првично безуспешно се обидуваа да ја извадат задната осовина на 24 тонскиот автобус, пред на местото на несреќата да пристигне кран со кој бил кренат целиот автобус.
Унгарската брза помош соопшти дека од местото на несреќата евакуирала едно лице со животозагрозувачки повреди, 9 лица со сериозни повреди и 37 патници со полесни повреди.












