Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(фото)Втор инцидент за само два дена – Патнички воз повторно излета од шините во близина на Лондон

/

Свет

Сподели преку :

Патнички воз излета од шините во близина на Лондон, соопшти денеска Британската транспортна полиција.

Ова е второ излетување од шините за два дена откако две лица беа сериозно повредени кога друг воз излета од шините во текот на вчерашниот ден.

Полицијата соопшти дека болничари и пожарникари се на местото на настанот во близина на железничката станица Викфорд во Есекс, околу 48 километри источно од Лондон, откако стигнал извештајот дека задните вагони на воз излетале од шините.

Вагоните биле во „исправена положба“, соопшти полицијата, и нема пријавени повредени.

Националните железници соопштија дека службениците работат на откривање што всушност се случило.

Инцидентот се случил помалку од 24 часа откако воз од Лондон до Истборн излетал од шините надвор од јужниот англиски град Луис.

Три вагони се превртеле, при што сериозно беа повредени две лица, а 18 се здобија со полесни повреди.

Сите патници беа евакуирани во рок од околу три часа, соопшти транспортната полиција.

Причината за излетувањето од шините е под истрага.