Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хрватска полиција: Телото пронајдено на местото на пожарот во Омиш е на жена

/

Свет

Сподели преку :

Телото пронајдено денес на местото на пожарот во Омиш е на жена, соопшти полицијата.

Нов пожар избувна во областа Омиш, овој пат во кањонот Цетина, во областа на селото Рогошиќи – Мимичиќ, пишува „Слободна Далмација“.

Пожарот го зафати подрачјето на планината Имбер, а огнот во моментов се движи по падината и се приближува кон куќите. Ситуацијата е дополнително влошена од промената на насоката на ветерот, поради што огнот се шири и тешко е да се предвиди насоката на неговото движење. Сите достапни служби се на местото на пожарот, а противпожарните апарати се вклучени во гаснењето на пожарот.

Според информациите од теренот, во моментов се ангажирани три противпожарни возила, додека уште две доаѓаат на помош.

Пожарникарите се обидуваат да го сопрат пожарот пред да се приближи до куќите. Состојбата на теренот се следи минута по минута.

Хрватските медиуми денес објавија фотографија од Драгана Антешевиќ (34), која исчезна синоќа додека бегаше од пожар во близина на Омиш, и ги повикаа сите што имаат какви било информации да ги пријават во најблиската полициска станица преку телефон или е-пошта.

Драгана живее во Станиќи во близина на Омиш и е државјанка на Босна и Херцеговина.

Во синоќешниот пожар во областа Омиш беа уништени куќи и возила, а обемот на материјалната штета сè уште се утврдува. Според пожарникарите, од пожарот беа зафатени околу 1000 хектари, додека периметарот на пожарната област е подолг од 20 километри.

Пронајдено тело на изгорената површина по големиот пожар во Омиш

Полициските службеници денеска попладне пронашле тело на починато лице. Ова е прва потврдена жртва во огнената стихија што го погоди Омиш. Од Сплитско-далматинската полициска управа информираа дека на местото на настанот е започнат детален истражен увид, кој е предводен од надлежниот државен обвинител. -Ве известуваме дека при увидот на изгорената површина околу 13:30 часот, полициски… Продолжи со читање

telma.com.mk