Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пронајдено тело на изгорената површина по големиот пожар во Омиш

/

Свет

Сподели преку :

Полициските службеници денеска попладне пронашле тело на починато лице. Ова е прва потврдена жртва во огнената стихија што го погоди Омиш.

Од Сплитско-далматинската полициска управа информираа дека на местото на настанот е започнат детален истражен увид, кој е предводен од надлежниот државен обвинител.

-Ве известуваме дека при увидот на изгорената површина околу 13:30 часот, полициски службеници пронајдоа тело на едно лице. На местото на пронаоѓањето на телото ќе се спроведе истрага, предводена од надлежниот државен обвинител со помош на полицијата, соопштија од полицијата.

Засега нема официјални информации за идентитетот на починатото лице, ниту за точните околности под кои настапила смртта. Подетални податоци се очекуваат по завршувањето на истражните дејствија.

Ситуацијата со повредените граѓани е сериозна. Во текот на ноќта и утрото, во болницата во Сплит биле згрижени 40 лица повредени во пожарот, од кои 14 се задржани на болничко лекување. Лекарите се борат за животите на седум лица кои се приклучени на респиратор, меѓу кои се шест возрасни лица и еден 17-годишен малолетник.

Сплит отворa засолништa, евакуирани речиси 1.000 луѓе

Голем шумски пожар што избувна во четвртокот вечерта кај Локва Рогозница, Хрватска, брзо се прошири кон Омиш поради силниот ветер и исклучително сувото време. Огнот стигна и до подрачја во близина на центарот на градот, при што се оштетени или уништени куќи, автомобили и друг имот. Стотици жители и туристи беа евакуирани од загрозените подрачја.… Продолжи со читање

telma.com.mk