Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Фотогалерија) Пожарот во Сивири, на Халкидики, надвор од контрола – спасувачки операции по море, патиштата затворени

/

Свет

Сподели преку :

Големиот пожар што избувна денеска попладне во Сивири, Халкидики, беснее надвор од контрола. Пламените јазици што започнаа во земјоделска и шумска површина сега стигнаа до станбената зона, а има сведоштва од мештаните има материјална штета на куќите и возилата.

Според информациите од грчакта држвна телевизија ЕРТ, пожарот наводно започнал кога, поради ветерот, паднал електричен столб и предизвикал искра.

Пожарот неконтролирано се шири, а се гасне и од воздух и од земја, но огнената стихија веќе се прошири на фронт од три километри.  Пожарот гори од 14 часот и засега сите обиди на пожарникарите и на доброволците да го стават под контрола се безуспешни. На терен се 155 пожарниакри, а од воздхух дејствуваат  9 авиони и 7 хеликоптери.

Според грчките медиуми досега на безбедно се евакуирани околу 400 лица, но опаерацијата за извлекување на граѓните и туристите и натаму трае.

Двајца пожарниакри се повредени  Службата за итна медицинска помош е ставена во зголемена оперативна готовност, со итна мобилизација на сили за медицинско покривање на операцијата за евакуација во областа.

Властите ги советуваат граѓаните да ги следат советите што ги добиваат преку 112 – првата порака стигнала околу 15 часот со следната содржина: „Доколку сте во областа Сивири во Регионалната единица Халкидики, тргнете кон Мола Калива.“

Околу 16:00 часот, е испратена нова порака од 112 за евакуација: „Доколку сте во областа Фурка во Регионалната единица Халкидики, тргнете  кон Скиони.“

(Видео) Пожар во Сивири: Жители и туристи се спасуваат со бродови на крајбрежната стража и приватни чамци

Пожар беснее во туристичкото место Сивири на Халкидики –  во тек е операција на евакуација на жителите и туристите со помош на крајбрежната стража. Според поселдните информации на граќката државна телевизија досега се евакуирани 250 лица  кои се превезуваат до пристаништето Сани. Евакуацијата се одвива доброволно. Како што објави грчката телевизија ЕРТ, до 18:38 часот… Продолжи со читање

telma.com.mk