Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Пожар во Сивири: Жители и туристи се спасуваат со бродови на крајбрежната стража и приватни чамци

/

Свет

Сподели преку :

Пожар беснее во туристичкото место Сивири на Халкидики –  во тек е операција на евакуација на жителите и туристите со помош на крајбрежната стража.

Според поселдните информации на граќката државна телевизија досега се евакуирани 250 лица  кои се превезуваат до пристаништето Сани.

Евакуацијата се одвива доброволно. Како што објави грчката телевизија ЕРТ, до 18:38 часот чамци и други пловила продолжуваат да ги префрлаат жителите и туристите од загрозената област. Меѓу евакуираните е и петмесечно бебе, кое е извлечено од загрозената област од страна на припадници на Противпожарната служба.

Во големата операција за евакуација учествуваат повеќе од 15 приватни пловила, како и пловила на Противпожарната служба и на Грчката крајбрежна стража. Во областа Фурка беа распоредени два противпожарни пловила и три пловила на Крајбрежната стража.

Пожарот и натаму се шири а силниот ветер, ја отежнува ситуацијата уште повеќе.
Патот Сивири-Фурка е затворен. Дел од медиумите во Грција јавија и дека двајца пожарникари се повредени за време на интервенцијата и се пренесени во болницата во Полигрос.

Од лекарското здружение на Халкидики објавија упатство за лицата кои вдишале чад и чувствуваат потешкотии .

-Контактирајте лекар ако почувствувате постојано свирење во градите, кашлање, отежнато дишење, необичен замор, кардиоваскуларен или респираторен проблем. Ако треба итно да го напуштите домот: заедно со потребните документи, земете ги и вашите годишни лекови и, доколку е можно, краток список на лекови и вашите состојби. Во случај на потребна медицинска помош, овие информации можат да бидат особено корисни.

Следните неколку часа бараат смиреност, соработка и апсолутно почитување на упатствата на властите, пишува во своето обраќање на Фејсбук Панагиотис Циулакис- претседател на Лекарското здружение на Халкидики.

Туристите и жителите треба да се однесуваат  исклучиво според упатствата што ги добиваат преку системот 112 и од полицијата, противпожарната служба и крајбрежната стража.

„Не обидувајте се да го поминете патот помеѓу Сивири и Фурка, бидејќи моментално е затворен, и не се враќајте во евакуираната зона за предмети. Доколку надлежните служби ви наредат или ви понудат евакуација по море, следете ги нивните упатства и упатства на лице место“, соопштија властите..