Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МВР повикува на информативен разговор луѓе кои на ФБ профилите повикуваа да не се пие водата во Скопје

/

Македонија

Сподели преку :

Министерството за внатрешни работи продолжува да повикува на информативен разговор лица од чии профили вчера се повикуваше да не се пие водата во Скопје поради присуство на бактерија, што попладнето беше демантирано од страна на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ЈП Водовод и канализација и Министерството за здравство.

  • Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи презема соодветни мерки и активности, се утврдуваат профилите на лицата и истите се повикуваат на информативен разговор. По завршување на истражните дејствија соодветно ќе ја информираме јавноста – посочија изутринава од МВР за МИА.

Две лица биле повикани на информативен разговор во рамки на истрагата за споделуваните дезинформации за скопската вода

Најмалку две лица биле поврзани со споделување на дезинформации за загадена вода во Скопје, дознава Телма. Станува збор за едно женско лице кое било повикано на информативен разговор бидејќи ја споделувало шпекулацијата преку социјални мрежи и при распитот кажала дека содржината ја презела од профил на Фејсбук група. Жената потоа е пуштена. Утврден е и… Продолжи со читање

telma.com.mk

Лажните информации за наводно присуство на опасната бактерија Escherichia coli во скопскиот водовод се раширија преку социјалните мрежи и за кратко време предизвикаа страв и паника кај граѓаните. Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на прес-конференција потенцираше дека водата во Скопје е безбедна за пиење и нема никаква ешерихија коли или други бактерии.

Водата за пиење во Скопје е исправна, Ѓорѓиевски бара кривична одговорност за дезинформациите

Водата за пиење е исправна, во неа нема никакви бактерии и скопјани не треба да стравуваат, соопштија надлежните институции, а градоначалникот Орце Ѓорѓиевски шпекулациите ги оцени како сериозно кривично дело и побара берза истрага и строги санкции. Акредитираната лабораторија за тестирање на квалитетот на водата во склоп на скопски „Водовод и Комуналец“ јавно ги објави… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2