Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Две лица биле повикани на информативен разговор во рамки на истрагата за споделуваните дезинформации за скопската вода

/

Македонија

Сподели преку :

Најмалку две лица биле поврзани со споделување на дезинформации за загадена вода во Скопје, дознава Телма.

Станува збор за едно женско лице кое било повикано на информативен разговор бидејќи ја споделувало шпекулацијата преку социјални мрежи и при распитот кажала дека содржината ја презела од профил на Фејсбук група.

Жената потоа е пуштена. Утврден е и идентитет на уште едно машко лице кое ја споделувало дезинформацијата за загадена скопска вода. Истрагата продолжува, а ја води секторот за компјутерски криминал на МВР и во неа учествуваат и припадници на тајната служба АНБ.

„Секторот за компјутерски криминал при МВР презема соодветни мерки и активности, се утврдуваат профилите на лицата и истите ќе бидат повикани на информативен разговор“, велат од МВР.

Претходно Телма информираше дека АНБ и МВР-секторот за компјутерски криминал истражуваат каде почнаа да се шират дезинформациите за загадена вода во Скопје

Извори од македонските безбедносни служби за Телма потврдија дека се истражува како и каде почнале да се шират дезинформациите за загадена вода во скопскиот водовод.

На интернет се бара првиот почетен извор на дезинформацијата. Проверки се вршат и во повеќе здравствени институции чии вработени медицински лица биле спомнувани во шпекулациите како извори на информацијата за загадена вода. Истрагата ја спроведуваат припадници на АНБ и на Секторот за конпјутерски криминал  во МВР.

Повеќе анализи на водата од скопскиот водовод покажаа дека водата е употреблива и не е штетна или загадена. Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на прес конференција изјави дека „станува збор за организирана акција за ширење на хистерија што е рамно на терористички напад“.  Сите профили на социјални мрежи кои ги ширеле дезинформациите ќе бидат предадени на истрагата, најавија од град Скопје.

Миомир Серафиновиќ

Jumbo 2