Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во близина на брегот на островот Крк пронајдени живи двајца млади Португалци се трага по уште двајца кои ги однесе силното невреме

/

Свет

Сподели преку :

Националниот центар за координација на поморско пребарување и спасување во Риека соопшти дека се пронајдени живи двајца млади Португалци, маж и жена, по кои се трагаше откако во силно невреме тие заедно со уште две лица синоќа исчезнаа во морето.

Се уште се трага по другите двајца португалски државјани, објави Индекс.хр.

Времнските услови биле исклучително лоши со силни налети на бранови високи до три метри.

За време на пребарувањето, во близина на брегот на островот Крк бил пронајден напуштен пловечки објект, кој според описот се совпаѓа со чамецот на исчезнатите лица.

  • Од четирите исчезнати лица, досега се пронајдени две лица – млада жена која била пронајдена во морето во Бутињскиот залив, транспортирана во Нови Винодолски и предадена на службите за итна медицинска помош. Другото лице е маж кој бил пронајден жив во морето во близина на ’ртот Главина и е предаден на службите за итни случаи, објавија од Капетанијата.

Спасената жена им помогнала на службите со информации што би можеле да доведат до другите исчезнати лица. Таа рекла дека имало уште едно лице на околу 20 минути од неа, но пребарувањето во таа област досега не дало резултати.