Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Евакуирани над милион луѓе, откажани над 1.400 летови – тајфунот „Делфин“ ја погоди Кина

/

Свет

Сподели преку :

Над еден милион луѓе се евакуирани во источниот дел на Кина, вклучително и подрачјето на Шангај, откако тајфунот „Делфин“ стигна до копното. Невремето го парализира сообраќајот, а само во Шангај се откажани над 1.400 летови.

„Делфин“ најпрво го погоди Јухуан, во провинцијата Жеијанг, каде макјсималната брзина на ветрот достигна 150 км./ч.

Кинеските власти претходно издадоа црвен аларм за предупредување поради тајфунот. До утрово, „Делфин“ ослабна до ниво на тропска бура, но продолжи да се движи кон внатрешноста на земјата.

Властите ги предупредија граѓаните за обилни дождови, сериозни поплави и опасност од свлечишта до среда.