Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Голем шумски пожар се шири во близина на Тирана, евакуирани се жители од неколку села

/

Свет

Сподели преку :

Пожарникари, војници и три воени хеликоптери во текот на ноќта се бореа со големиот шумски пожар што избувна на планината Крује во Албанија. Поради ширењето на огнот кон населените места, евакуирани се жители од неколку села.

Гаснењето на пожарот продолжува од земја и од воздух, а стрмниот и тешко пристапен терен дополнително ги отежнува операциите.

Жителите на областа Барабит-Љубан, во општина Крује, биле евакуирани во текот на ноќта откако пламените јазици се приближиле до населените места.

Албанската полиција соопшти дека уапсила лице осомничено дека го предизвикало пожарот. Според првичните информации, осомничениот запалил сува трева во близина на својот дом во саботата, но огнот поради силниот ветер брзо се проширил и стигнал до планината Крује.

Пожарот избувнал на околу 38 километри северно од главниот град Тирана, а надлежните служби продолжуваат со напорите за негово ставање под целосна контрола.