Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Регистрирани првите два случаи на западнонилска треска во Србија

/

Свет

Сподели преку :

Институтот за јавно здравје на Србија соопшти дека во земјата се регистрирани првите два случаи на западнонилска треска оваа година.

Станува збор за жители на Белград на возраст од 75 и 82 години, кои се хоспитализирани на Клиниката за инфективни и тропски болести во Белград поради развој на невроинвазивна форма на болеста.

Институтот за јавно здравје на Србија  препорачува употреба на репеленти при престој на отворено, носење светла облека со долги ракави и ногавици, избегнување престој на отворено во самрак и зори, кога комарците се најактивни.

Од институтот советуваат и редовно отстранување на застоена вода од саксии, кофи, буриња, конзерви и други садови, како и отстранување стари гуми и предмети во кои може да се собира вода, со цел да се намали бројот на места погодни за размножување на комарците.