Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Влада: „Кожувчанка“ го доби договорот за набавка на вода за Гостивар преку тендер, СДСМ останува на ставот дека немало јавен оглас

/

Македонија

Сподели преку :

Од Влада реагираа на обвинувањата од СДСМ дека без јавен оглас, бил склучен договор со „Кожувчанка“ во износ од 100 000 евра за набавка на  вода за пиење за Гостивар.

Од таму велат дека „во однос на набавката на флаширана вода, точно е дека постапката со преговарање ја спроведе Службата за општи и заеднички работи и обезбедува вода бесплатно за граѓаните, а договорот преку тендер го доби компанијата „Кожувчанка“.

Но, исто така е факт дека шише вода од 1,5 литри кое во малопродажба чини најмалку 25 денари, Владата го набавува по цена од 12,5 денари. Тоа е возможно затоа што компанијата „Кожувчанка“ учествува во набавката со сопствен придонес, со цел да им се помогне на граѓаните и институциите во услови на кризна состојба, пишува во соопштението од Владата.

СДСМ претходно обвини дека  Владата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра. „Договорот, поради кризата, е склучен со директно договарање, без јавен оглас. Бизнис зделка од 100.000 евра без тендер“, соопштија од СДСМ.

Од Влада рекоа дека ги демантираат „ваквите обиди за манипулирање на јавноста со неточни, комплетно измислени дезинформации“.

Според нив „станува збор за дрски и безобразни лаги и во отсуство на реални теми и аргументи, СДС повторно се служи со лаги и искривување на фактите, надевајќи се дека ќе ја доведе јавноста во заблуда“.

На демантот од Владата, повторно се огласија од опозициската партија. Од таму ја обвинија Владата дека лаже зашто водата не е земена на тендер, туку со спогодба

„Во самиот договор пишува црно на бело: „постапка со преговарање без објавување оглас“. Нема јавен оглас. Нема тендер. Има спогодба. И тоа со фирма чијшто градоначалник е нивен човек, член на Извршниот одбор, поранешен потпретседател“, велат од СДСМ.

СДСМ објави дека Мицкоски склучил бизнис зделка од 100.000 евра со водата во Гостивар

Додека граѓаните на Гостивар со недели пиеја загадена вода и илјадници луѓе се соочуваа со здравствени последици, Владата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра. Договорот, поради кризата, е склучен со директно договарање, без јавен оглас. Бизнис зделка од 100.000… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2