Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ објави дека Мицкоски склучил бизнис зделка од 100.000 евра со водата во Гостивар

/

Македонија

Сподели преку :

Додека граѓаните на Гостивар со недели пиеја загадена вода и илјадници луѓе се соочуваа со здравствени последици, Владата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра. Договорот, поради кризата, е склучен со директно договарање, без јавен оглас. Бизнис зделка од 100.000 евра без тендер, соопштуваат од СДСМ.

  • Според достапните информации, договорот е склучен со „Кожувчанка“, компанија која  е сопственост на градоначалникот на Општина Кавадарци, а постапката ја спровел директорот на СОЗР, Ивица Томовски. Голема грижа на тендер патриотите Мицкоски и ВМРО-ОКГ, бизнис зделка од 100.000 евра без тендер, вели опозицијата.

Според СДСМ власта така замислува и со криминалниот Закон за Скопје 2028, без тендери, само свои компании. Поради тендер патриотите отруена е цела Македонија а одговорни нема. Ниту еден.

Jumbo 2