Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Боксери од Уганда и Пакистан не се вратија дома од Игрите на Комонвелтот во Глазгов – планираат да побараат азил во Шкотска

/

Свет

Сподели преку :

Повеќе спортисти не се вратија во своите земји по завршување на Игрите на Комонвелтот во Глазгов и се водат како исчезнати. Шкотската полиција потврди дека примила пријави за исчезнување на неколку спортисти, пренесува „Би-Би-Си“.

Според пишување на порталот „Ен-Би-Си Спорт“, четворица боксери од репрезентацијата на Уганда не се качиле на авионот за враќање дома. Сличен случај е забележан и во пакистанската репрезентација.

Портпаролот на шкотската полиција потврди дека е отпочната истрага.

„Полицијата доби пријави за неколку спортисти чии локации се непознати. Во тек е истрага за утврдување на сите околности, а за случајот е известено и министерството за внатрешни работи“, се наведува во соопштението.

„Ен-Би-Си Спорт“ успеа да разговара со еден од боксерите од Уганда кои се водат како исчезнати. Тој потврдил дека планираат да побараат азил и да ја продолжат кариерата во Шкотска, бидејќи веруваат дека ќе добијат подобри услови за тренинг и повеќе можности одошто би било случај во Уганда. Тој воедно ги замолил сонародниците за разбирање и порача да не ја осудуваат нивната одлука.