Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Телото спакувано во куфер и фрлено во канал – убиена 28-годишна Русинка во Белград

/

Свет

Сподели преку :

Дваесет и осумгодишната Русинка, Људмила Туркова Константиновна од Санкт Петербург по петдневна потрага е пронајдена мртва во Белград. Српската полиција се сомнева дека е убиена од 25-годишниот турски државјанин К.Е. кој е уапсен при обид да ја напушти земјата.

Људмила, како што пренесуваат српските медиуми, допатувала во Белград на двонеделен одмор. Минатата сабота планирала посета на ноќен клуб, но не е познато дали воопшто стигнала таму. Последната порака ја пратила на мајка ѝ во 23Ч15 часот по што ѝ се губи секаква трага. Не била достапна на телефонот, не се враќала во апартманот што го изнајмила, ниту била активна на социјалните мрежи.

Полицијата се сомнева дека К.Е. ја убил Константиновна во неделата наутро во изнајмен стан во белградската населба Борча. Според сомнежите на истражителите, телото на Људмила го ставил во куфер, го однел до канал во околината и го фрлил во вода.

Осомничениот е уапсен на аеродромот „Никола Тесла“ додека се обидел да ја напушти Србија. По неговото апсење, полицијата почна потрага по телото во реонот на канал. Во потрагата се користеа и полициски кучиња кои ги одведоа полицајците до местото со куферот со младата руска државјанка.