Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп: Запаметете ги сликите со мигрантите во Сеута, тоа ќе бидат САД за три години ако победат Демократите

/

Свет

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп ги оцени снимките и фотографиите со мигрантите од Мароко во Сеута како „страшни“ и смета дека слично сценарио може да се случи и во САД за три години, доколку Демократите дојдат на власт.

„Страшно е. Запаметете ги фотографиите. Тоа ќе бидеме ние за три години ако победи другата страна. Ако Демократите дојдат на власт, ќе немате баш добар живот“, рече Трамп во разговор за „Фокс њуз“.

Околу 60.000 мигранти минаа од Мароко во шпанската северноафриканска енклава Сеута по морски пат, објави првично локалниот гувернер. Шпанското Министерство за внатрешни работи претходно процени дека во градот влегле околу 49.000 луѓе меѓу кои и стотици деца кои тргнале на пат без знаење на родителите.

Масовното минување на границата кај Сеута, едиствена копнена на Европската Унија со Африка, се поврзува со неодамнешната пресуда на Врховниот суд на Шпанија за мигрантите кои влегуваат во Сеута и во Мелилја по морсаки пат. Се тврди дека мрежите на криумчарење прошириле погрешно толкување на пресудата и на тој начин поттикнале голем број на луѓе на илегално минување на границата.