Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Околу 4.500 хектари изгореле во пожарот на Крит, утрово нов пожар на Пелопонез

/

Свет

Сподели преку :

Површина од околу 4.500 хектари,  изгорела на отстровот Крит по пожарот кој избувна во средата, покажуваат  податоците на метеоролошката служба Метео на грчката Национална опсерваторија.

Изгорената површина е контатирана по  обработената сателитска снимка со висока резолуција од сателитот Sentinel-2 на „Коперникус“, направена вчера напладне при неговиот прелет над Грција, се однесува на периодот 29 и 30 јули, а не е вклучена површината во новиот пожар од вчера.

Пожарот во јужниот дел на Крит веќе трет ден е активен, битката на пожарникарите за справување со огнената стихија траеше во текот на ноќта и продолжува и утрово, а силниот ветер дополнително го отежнува гаснењето, со оглед на тоа што спречува интервенција од воздух со авиони.

Во пожарот интервенираат над 270 пожарникари, а во состојба на готовност се и припадници на крајбрежната служба во случај да биде потребна евакуација по морски пат, како што беше случај вчера кога од плажата Превели со брод на крајбрежната служба и два приватни чамци беше евакуирано 51 лице.

Активни се и два нови пожари, во централна Грција и на полуостровот Пелопонез.