Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Крузер се насука во Дунав во Романија – бугарската гранична полиција евакуира 186 патници

/

Свет

Сподели преку :

Бугарската гранична полиција евакуираше 186 патници од крузерот „Викинг Улур“, кој се насука кај романското место Салциа поради нискиот водостој на Дунав.

Бродот, што пловеше под знаме на Швајцарија, требало да пристигне во бугарскиот град Видин за да ги надополни резервите за храна и вода. По евакуацијата на патниците, на брод останале 52 членови на екипажот.

Бродот во понеделникот исплови од романскиот град Дробета-Турну Северин кон Видин, но поради нискиот водостој на Дунав се насука. Нивото на реката е исклучително ниско, а протокот на Дунав е околу 1.600 кубни метри во секунда, поради што бродот не можеше да го продолжи своето патување.