Вести Свет Топ вести

Двајцата преживеани ги идентификуваа телата на петте загинати планинари – наскоро ќе бидат транспортирани од Русија во БиХ

Процесот на идентификација на починатите босанско-херцеговски планинари на Кавказ е завршен, а телата на починатите се препознаени од преживеаните членови на експедицијата во Зеница. Сега ќе следи обдукција, по што треба да се организирање на транспортот на останките во Босна и Херцеговина, oбјави avaz.ba.

Тешката задача за идентификација на починатите колеги ја презедоа планинарите кои ја преживеаја трагедијата, Харис Адиловиќ и Кемал Видимлиќ, со што е завршена првата фаза од процедурите што ги спроведоа надлежните руски органи откако телата беа извлечени од планината.

Следниот чекор вклучува обдукција на телата на починатите планинари, која, според процедурите во Русија, треба да биде завршена во следните два дена. Дури по завршувањето на сите медицински и правни процедури и стекнувањето на потребната документација, ќе започне организацијата на транспортот на телата во Босна и Херцеговина.

За да им се помогне на преживеаните колеги, но и да се олеснат сложените административни и логистички активности околу нивното враќање во татковината, двајца членови на Планинската спасувачка служба (ПСС) од Зеница утре патуваат за Русија.

Инаку викендов, пет члена на експедиција од Зеница ги загубија животите во голема трагедија на планината Елбрус во Русија. Иако имаа богато планинарско искуство и бројни тешки искачувања, исклучително тешките временски услови на Кавказ се покажаа како фатални.

Во оваа несреќа загинаа Алма Окановиќ, Денис Окановиќ, Нермин Талам, Алмир Кривдиќ и д-р Мелиха Чаушевиќ, чија смрт ја потресе планинарската заедница, Зеница и цела Босна и Херцеговина.

Поради оваа трагедија, претходно беше прогласен Ден на жалост во Федерацијата на Босна и Херцеговина.

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ФОТО) Пожарите беснеат околу Мадрид

Kristina Kuzmanovski

Јаделе во таверна, завршија во болница: Деветмина заразени со салмонела во Атина

Kristina Kuzmanovski

Усвоен Ребалансот на Буџетот со проектиран дефицит од 4,1% од БДП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе