Вести Свет

Судири меѓу демонстранти и полицијата пред парламентот во Тирана – приведени неколку лица

Педесет и осми антивладин протест во Тирана за време на кој демонстрантите се судрија со полицијата, во обид да ја блокираат работата на парламентот кој денеска ја одржува последната седница пред одморот во август.

Демонстрантите фрлаа со јајца кон полицајците и се обидуваа да ги тргнат оградите на сите приоди кон собранието.

До блиска средба меѓу демонстрантите и полицијата дојде во близина на министерството за внатрешни работи. Полицајците одговорија со солзавец, а приведени се неколкумина од демонстрантите.

Протестот се очекува да продолжи вечерва пред зградата на кабинетот на премиерот Еди Рама и се одржува секој ден од тензиите во Звернец, Валона, каде граќани и активисти изразија револт од плановите за изградба на одморалиште во подрачје што се смета за заштитено од експертите за заштита на животната средина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нема меѓуинституционални договори за стационирање на артефакти во услови на кризи

Дејан Дејан

(Видео) Гужви на преминот Богородица, поради штрајкот на царинските служби

Kristina Kuzmanovski

Бензините поскапуваат за три денари, дизелот за 4,5 денари – нови, повисоки, цени на горивата од полноќ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе