Основното државно обвинителство во Улцињ одреди притвор за македонската државјанка Сашка Стојановска (46) до 72 часа поради основано сомнение дека сторила кривично дело убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште, објави црногорскиот портал Вјести.
Таа е осомничена дека со автомобил го прегазила и убила кучето на сопственик во близина на булеварот Теута.
Полициската управа вчера објави дека таа е уапсена додека се обидувала да избега од Црна Гора.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
