Вести Свет

(Видео) Пожари во Франција: Десетици илјади луѓе се евакуирани

Десетици илјади луѓе се евакуирани од ’ртот Кап Фере во југозападна Франција, каде што шумските пожари проголтаа илјадници хектари шума и уништија луксузни вили.

Туристите велат дека  бегале од запалениот полуостров откако ги разбудиле среде ноќ со итни пораки за евакуација, објави „Би-би-си“.

Пожарите, кои избувнаа во вторник во градот Сом, во департманот Жиронд, горат со денови, а пламените јазици покриваат 10.000 хектари.


Во југозападна Франција, властите испратија чамци за да помогнат во евакуацијата на околу 63.000 луѓе, од кои многумина туристи, додека два големи, одделни пожари им се заканија на домовите и камповите.

Околу 40.000 луѓе беа принудени да избегаат од полуостровот Кап Фере, кој од едната страна се наоѓа на Атлантскиот Океан и на заливот Аркашон од другата, додека уште 23.000 луѓе беа евакуирани од Бискарос.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Средба Трамп – Зеленски во вторник во Вашингтон

Kristina Kuzmanovski

(Видео/Фото)Шумски пожари во Шпанија: Прогласена национална вонредна состојба

Kristina Kuzmanovski

Николовски во Телма интервју: Сите нови вработени кои се помлади од 40 години се вклучуваат во вториот пензиски столб

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе