Бура со силен ветар и дожд погоди Атина, предизвикувајќи им проблеми на жителите и туристите.
Предупредувачки пораки добија и жителите на Лариса, Фтиотида, на островите Евија и Скирос.
Густи облаци го исполнија небото, придружени со силни ветрови и интензивни атмосферски празнења во областите Петрополи и Амаруси.
Поројните дождови, иако имаше соодветни предупредувања од Цивилната заштита и метеоролозите, се чинеше дека ги затекнаа неподготвени Атињани, кои без чадори за заштита, трчаа да најдат место да се сокријат од силниот дожд, објавуваат грчките медиуми.
Брзината на ветрот во Илион, Атика надмина 50 километри на час.
Промена на времето на планината Олимп донесе интензивен град и покри сè во бело.
Б.С.
