Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата свршеница Кери Симонс се венчаа синоќа на мала приватна церемонија во Вестминстерската Катедрала. За тајната венчавка не знаеле ниту блиските соработници од кабинетот на Џонсон. На венчавката биле повикани само 30 гости, толку колку што е предвидено со ковид протоколите во Британија. Поголема прослава, со пријатели и семејствата, се планира следното лето, соопштија од Даунинг Стрит 10.
Веста беше објавена доцна синоќа, но не беше веднаш потврдена , а сепак медиумите ги „уловија“ музичарите кои доцна во ноќта излегоа од премиерската палата.

Џонсон (56) и Симонс (33) се свршија во февруари 2020 и имаат едногодишен син. За Џонсон ова е трет брак, а прв за Симонс. Тој има уште пет деца од претходните врски.
Џонсон стана првиот премиер кој се оженил за време на мандатот. Последниот премиер кој се венчал додека бил на функција бил Лорд Ливерпул, пред 200 години.
