Снегот и мразот предизвикаа хаос на аеродромите низ делови од Европа. Проблеми има Велика Британија, Франција, Германија, Белгија и Унгарија, каде снегот и ниските температури предизвикаа застои во сообраќајот и откажување на голем број летови.
Авионските компании се соочуваат со недостаток на средства за одмрзнување на леталата, што дополнително го отежнува полетувањето на авионите.
На аеродромот Схопхол во Холандија стотици летови беа откажани, а патниците, меѓу кои и македонскиот новинар Бојан Стојковски, останаа заглавени со часови без соодветна поддршка.
Метеоролошките служби предупредуваат дека снежните услови ќе продолжат во текот на следните денови, а граѓаните се повикуваат да патуваат само ако е апсолутно неопходно и да ги следат информациите од надлежните служби.
