Вести Свет

Франција со поддршка за Данска откако Трамп се закани дека ќе го заземе Гренланд

Франција ја потврди поддршката за суверенитетот и територијалниот интегритет на Данска и Гренланд, откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно се закани дека ќе го заземе Гренланд.

Одговарајќи на прашање за реакцијата на Франција, портпаролот на Министерството за надворешни работи Паскал Конфаврјо за телевизијата ТФ1 еден изјави дека „Франција е солидарна со Данска“.

– Гренланд им припаѓа на народот на Гренланд и на народот на Данска. Тие треба да одлучат што сакаат да прават. Границите не можат да се менуваат со сила, нагласи тој.

Трамп во телефонско интервју за „Атлантик“ вчера изјави дека „Гренланд безусловно им е потребен на САД“.

– Потребен ни е за одбрана, рече Трамп.

Претходно, лидерите на Данска и Гренланд исто така го повикаа Трамп да престане да се заканува дека ќе го заземе арктичкиот остров, кој е автономна територија на Данска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе