Соединетите американски држави успешно изведоа голем напад против Венецуела и го заробија претседателот на оваа држава, Николас Мадуро, кој заедно со неговата сопруга со летала ги извлековме надвор од земјата, се пофали американскиот претседател, Доналд Трамп, на својот профил на социјалната мрежа, Truth Social.
Оваа операција била изведена заедно со американските агенции за спроведување на законите, потврди Трамп.
Тој најави и дека прес конференција за оваа тема ќе се одржи во 11 часот по локално време, односно околу 17 часот по средноевропско време, во Мар-а-Лаго.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, наредил напади врз Венецуела, вклучувајќи го и главниот град Каракас и воени цели на други места, американски официјални претставници му потврдиле на телевизискиот канал CBS. Силни експлозии го потресоа утринава главниот град на оваа јужно-американска држава а на социјалните медиуми се објавија видеа од детонациите во Каракас. Владата на Венецуела ја… Продолжи со читање












