Шеснаесет Италијанци се водат како исчезнати, а до 15 се повредени, соопшти италијанското Министерството за надворешни работи.
Во изјави за Би-Би-Си, од таму велта дека 16 италијански државјани во моментов се водат како исчезнати по пожарот во барот „Ле Констелашн“ во Кран-Монтана.
Портпаролот на министерството изјави дека меѓу 12 и 15 други лица се пронајдени во болница и во моментов се на лекување.
Тројца од нив претрпеле „тешки изгореници“ и наскоро ќе бидат транспортирани во Италија, додадоа тие.

На социјалните медиуми се појави вознемирувачко видео на кое се гледа како млади луѓе заробени од огнот во барот во Кран-Монтана очајно се обидуваат да избегаат низ единствениот излез, кој е блокиран. 🚨🇨🇭🔥 Des personnes prises au piège par les flammes dans le bar de Crans-Montana tentent désespérément de s’échapper par la seule issue,… Продолжи со читање
Б.С.












