Вести Свет

Подољак: Украина нема пари за избори, ќе ни требаат финансии од други земји

Украина нема да може сама да финансира избори и ќе ѝ требаат финансии од други земји, рече Михаил Подољак, советник во кабинетот на Владимир Зеленски.

„Не би требало да го финансираме ова. Објективно, не можеме тоа да си го дозволиме, бидејќи имаме буџетски дефицит“, изјави Подољак во интевју за Јутјуб каналот „Новости лајв“.

Според него, буџетот на Украина има и други приоритетни расходи, вклучувајќи и милитаризација.

Овластувањата на претседателот Зеленски официјално истекоа на 20 мај во 2024 година, но Киев не одржа редовни избори, тврдејќи дека е невозможно, бидејќи земјата и натаму е под вонредна состојба.

Претходно и американскиот претседател Доналд Трамп рече дека е вистинско време за избори. Зеленски подоцна побара од Европа и САД да обезбедат безбедносни гаранции за процесот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Неизвесна наплата, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност и сериозни проблеми со возниот парк, нотираа ревизорите во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“

Дејан Дејан

ВЛЕН: Шест министерства за уште посилен мандат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе