Вести Свет

Руте: Главната цел на безбедносните гаранции е Украина никогаш повеќе да не биде жртва на напад

Главната цел на безбедносните гаранции за Украина е да се осигура дека таа земја никогаш повеќе нема да стане жртва на напад, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

– Мораме да обезбедиме Украина никогаш да не биде повторно нападната по постигнувањето примирје или мировен договор. Путин мора да сфати дека уште еден напад би бил погубен за него, нагласи Руте за германски „Билд“.

Тој додаде дека постојат три нивоа на безбедносни гаранции за да се постигне таа цел. Првото ниво се, како што наведе, украинските вооружени сили, кои мора да бидат во одлична состојба и способни да ја заштитат земјата дури и по војната или долгорочното примирје. Руте укажа дека второто ниво на гаранции е Коалицијата на подготвените, предводена од Франција и Велика Британија, со учество на Германија и други земји. Тој истакна дека некои европски земји изразиле подготвеност да испратат војници, иако не наведе детали. Според Руте, третото ниво на гаранции го претставуваат Соединетите Американски Држави, чиј претседател Доналд Трамп во август изрази подготвеност за тоа.

Шефот на НАТО нагласи дека партнерите сега работат на тоа да ги комбинираат овие три елементи за рускиот претседател многу јасно да сфати дека никогаш повеќе не би требало да ја нападне Украина.

Руте укажа дека е уверен оти Трамп е апсолутно посветен и фокусиран на ставање крај на војната.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

8 убиени и 62 повредени лица во украински напади на два магацини на најголемата руска компанија за онлајн трговија

Igor Trajkov

Почина Нури Бајрами, поранешен член на Антикорупциската комисија

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирани над 70 милиони евра во образовна инфраструктура и обезбедени повисоки плати за наставниците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе