Вести Свет

Запленет и вториот венецуелски танкер по воведувањето на американските нафтени санкции против режимот на Мадуро

Крајбрежната стража на САД за првпат заплени нафтен танкер откако претседателот Доналд Трамп најави блокада на санкционираните пратки нафта кон и од Венецуела, преземајќи контрола врз пловило во близина на венецуелскиот брег.

Крајбрежната стража вчера изврши „молскавична операција“ во координација со Министерството за одбрана „за заплена на моторниот танкер Centuries, кој е осомничен за пренесување нафта што е предмет на американски санкции“, соопшти американското Министерство за внатрешна безбедност во објава на X.

„Железната тупаница“ на здружените американски воени и федерални органи за спроведување на законот владее со брановите, додаде министерството.

Претходно, министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем извести за операцијата на X и објави видео за кое рече дека ја прикажува заплената.

 Соединетите Држави ќе продолжат да го прогонуваат недозволеното движење на санкционирана нафта што се користи за финансирање на нарко-тероризмот во регионот. Ќе ве најдеме и ќе ве запреме, рече Ноем.

Венецуела остро ја критикуваше операцијата, при што потпретседателката Делси Родригез изјави дека земјата „ја осудува и отфрла кражбата и киднапирањето на приватен венецуелски танкер, како и присилното исчезнување на неговиот екипаж, извршено од американски воен персонал во меѓународни води“.

Родригез ја опиша акцијата како чин на пиратство и кршење на меѓународното право, додавајќи дека Венецуела ќе поднесе жалба до Советот за безбедност на ОН.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе