Во согласност со уредбата која ја потпиша американскиот претседател Доналд Трамп за објавување на сите документи од случајот со починатиот милијардер Џефри Епстин, Министерството за правда синоќа ја објави првата транша.
Но, нивното објавување само го зголеми незадоволството и ги засили критиките за Трамп, не поради тоа што беше објавено, туку за информациите кои недостасуваат во објавените документи, а кои најмногу ја интересираа американската јавност.
Не сакам да кажам нешто погрешно, но знам дека многу важни луѓе се затемнети нив, а целиот процес за транспарентност беше само да бидат скриени имињата на жртвите. Така сега сме повторно на почетокот, како што беше со првите документи. Овие имиња кои треба да бидат објавени, луѓето треба да дознаат за луѓето чии имиња се скриени. Малку е збунувачки. Чувствувам дека Министерството за правда повторно не ни помогна, изјави по објавувањето на редактираните документи Марина Ласерда, една од многуте жртви на Епстин.
Меѓу објавените документи повторно има голем број без значајна електронска пошта, фотографии на американски славни личности и политичари со Епстин, како Мајкл Џексон и поранешниот претседател Бил Клинтон.
Тоа што недостасува во нив, е како непознатиот Епстин се појавува во Њујорк и речиси преку ноќ станува човекот со кого сите славни лица во градот сакаат да бидат видени и фотографирани, поради неговите големи забави и донираните милиони долари, како во добротворни цели, така и на политичари.
Меѓу објавените документи нема ништо за тоа како Епстин го стекнал своето богатство, нема ништо за тоа како обвинителството се согласи на толку блага казна при првото судење за злоставување и подведување малолетни лица во 2008 година.
Сосема друга работа е кога материјалот што го гледате е целосно редактиран до точка да биде неупотреблив, бидејќи во него нема никаква информација. Секогаш ќе има забелешки за тоа што било редактирано, секогаш ќе има сомнеж, особено за случајот на Епстин, особено околу овие големи транши на документи во кои нема ништо друго освен зацрнети страници, бидејќи тоа не е транспарентност. Ќе изгледа како да некој сака да скрие нешто, предупредува експертот за кривично право, џон деј.
Името на Епстин виси над вториот мандат на Трамп речиси уште од преземањето на функцијата, затоа што информациите во документите од неговиот случај американскиот претседател секојдневно ги користеше во манатогодишната кампања, навестувајќи дека тие ќе им нанесат голема штета на демократите.
Но, само што се врати во Белата куќа, Трамп ја смени реториката.
Сега, МАГА движењето, неговите поддржувачи ги бараат овие документи, и во иронична пресвртница, токму Трамп е тој што трпи политичка штета поради случајот.
Не е тајна дека американскиот претседател за време на неговите претприемачки денови во Њујорк во 90-те години на минатиот век бил чест гостин на фамозните забави на Епстин, забави за кои подоцна беше докажано дека наводниот филантроп и милијардер на нив подведувал и злоставувал малолетни девојки.
Игор Трајков
