Вести Свет

Вучиќ по состанок за НИС: Верувам дека сме чекор поблиску до решение

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека денеска имал важен состанок за енергетската стабилност на земјата и дека верува дека е чекор поблиску до решение за НИС.

Вучиќ рече дека ситуацијата е многу сложена и комплицирана и оти следната недела очекува различни иницијативи, молби и барања упатени до ОФАК во надеж дека ќе се добие оперативна лиценца за НИС.

По важниот состанок што го имавме денеска, верувам дека сме чекор поблиску до решение за исклучително комплицираната ситуација, рече Вучиќ во видео-објава на Инстаграм, обраќајќи се во присуство на министерката за енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ.

Како што рече, „имаме безброј технички проблеми, безброј маки, но државата гледа како да ги реши тие проблеми“.

Заедно со сите вклучени страни имавме важни разговори со странците и следната недела очекувам различни иницијативи, молби и барања упатени до ОФАК во надеж дека ќе добиеме оперативна лиценца, рече Вучиќ.

Тој најави и дека разговорите ќе продолжат.

Тие разговори ќе ги продолжиме како што брзо увезуваме нафтени деривати и правиме сè што можеме за да ја зачуваме целата нафтена инфраструктура, но пред сè нашата цел е граѓаните и нивната енергетска сигурност и никогаш да не се вратиме во оние години што ги паметиме по лошо, кога нафтата ја купувавме на улица, а не на бензински станици. Верувам дека државата Србија ќе ја покаже таа сила, рече Вучиќ.

Тој истакна дека ситуацијата е многу сложена и исклучително комплицирана и дека е негова должност да ги извести граѓаните за тоа, но оти нема причина за паника.

Доволно керозин, мазут, дизел и бензин обезбедивме најмалку до 15 јануари, можеби и до 25 јануари. Никој не треба да се грижи, имаме безброј технички проблеми и маки, но државата знае како да ги реши тие проблеми, рече Вучиќ.

Тој додаде дека е горд на граѓаните и на силата на државата која повеќе од 70 дена, без капка нафта, успева да ја одржи целосната стабилност на српскиот енергетски систем.

Сакам да им се заблагодарам на сите луѓе во Србија за тоа што ја изградија држава која е во можност веќе 70 дена да издржи без капка нафта и да покаже колку е стабилна, колку е сигурна. Ние ќе продолжиме со нашата работа, а вие граѓаните подгответе се за новогодишните и божиќните празници во целосен мир. Ќе имате доволно од сè што е потребно. Ако оди на подобро или полошо, во блиска иднина од нас ќе добивате навремени информации, рече Вучиќ.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на нафтата бележи нов скок поради нападите меѓу Иран и САД кои не запираат

Tea Dimkovska

Онлајн трансакциите достигнаа речиси 266 милиони евра во првиот квартал од 2026 година

Promo Telma

Кривична пријава за даночно затајување за производител на кабли

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе