Вести Свет

НАСА ја изгуби врската со вселенското летало МАВЕН на Марс

Американската вселенска агенција НАСА веќе две недели не добива податоци од вселенското летало МАВЕН на Марс.

Во тек се напори за повторно воспоставување контакт, изјави портпаролката на НАСА за Германската новинска агенција (ДПА).

НАСА на 15 декември соопшти дека „краток фрагмент од податоци за следење“ од почетокот на месецот сугерира дека сондата можеби „ротира на неочекуван начин“.

Вселенското летало МАВЕН (Mars Atmosphere and Volatile EvolutioN) е лансирано кон крајот на 2013 година и орбитира околу Марс и обезбедува важни истражувачки податоци, особено за атмосферата на планетата.

НАСА на површината на Црвената планета во функција ги има сондите „Mars Odyssey“ и „Mars Reconnaissance Orbiter“, како и ровери „Curiosity“ и „Perseverance“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на нафтата бележи нов скок поради нападите меѓу Иран и САД кои не запираат

Tea Dimkovska

Онлајн трансакциите достигнаа речиси 266 милиони евра во првиот квартал од 2026 година

Promo Telma

Кривична пријава за даночно затајување за производител на кабли

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе