Вести Свет

Безбедноста на Украина мора да биде долгорочно гарантирана – нова рунда преговори меѓу Киев и Вашингтон за крај на војната

Украинските мировни преговарачи почнуваат нова рунда разговори со американскиот тим за прекин на војната со Русија, објави главниот украински преговарач Рустем Умеров на Телеграм. Тој додаде дека на разговорите во САД ќе бидат вклучени и европските партнери на Киев.

„Ние сме конструктивно ориентирани. Веќе одржавме прелиминарни консултации со нашите европски колеги и се подготвуваме за понатамошни разговори со американската страна. Безбедноста на Украина мора да биде сигурно и долгорочно гарантирана“, посочи Умеров.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се стреми да ја заврши речиси четиригодишната војна. Специјалниот американски претставник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер во текот на неделата имаа разговори со украински и европски претставници во Берлин.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина и САД постигнале договор за неколку документи, вклучувајќи мировна рамка од 20 точки, безбедносни гаранции и план за реконструкција на Украина. Тој истакна дека не е постигнат договор за координирани конечни предлози, додавајќи дека територијалните прашања остануваат нерешени.

Претседателот на Русија, Владимир Путин на денешната годишна прес-конференција не понуди компромис за неговите услови за завршување на војната во Украина, но истакна оти Киев и Европа треба да го направат следниот чекор.

Официјален претставник на Белата куќа наведе дека Виткоф и Кушнер викендот ќе имаат средба со руската делегација во Мајами.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на нафтата бележи нов скок поради нападите меѓу Иран и САД кои не запираат

Tea Dimkovska

Онлајн трансакциите достигнаа речиси 266 милиони евра во првиот квартал од 2026 година

Promo Telma

Кривична пријава за даночно затајување за производител на кабли

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе