Херојот од нападот на плажата Бонди, Ахмед ал Ахмед, доби донации во износ од 2,5 милиони австралиски долари додека се лекува во болница од тешки прострелни повреди… Тој беше застрелан повеќепати откако се спротивстави на напаѓач со оружје.
Ал Ахмед излезе од засолниште зад автомобил и успеа да му го одземе оружјето на еден од напаѓачите, со што спречи уште поголема трагедија. Лекарите стравуваат дека тој би можел да ја загуби раката поради сериозноста на повредите.
Во нападот на Бонди загинаа најмалку 15 лица. Австралискиот премиер Ентони Албанезе го посети Ал Ахмед во болница и го нарече „најдоброто лице на нашата земја“, истакнувајќи ја неговата храброст и пожртвуваност.
