Вести Свет

Уапсени седум мажи со идеолошки врски со таткото и синот од Бонди

Седум мажи за кои се верува дека имаат идеолошки врски со двајцата напаѓачи во терористичкиот напад на плажата во Бонди во неделата, се уапсени во југозападниот дел на Сиднеј, соопшти денеска полицијата на Нов Јужен Велс.

Седумте мажи, сите познати на полицијата, беа уапсени вчера од полицијата во предградието на Сиднеј, Ливерпул, откако со две возила допатувале од соседната држава Викторија.

Снимките што кружат на социјалните медиуми и се емитуваат од локалните медиуми покажуваат полицајци во тактичка опрема како ги апсат мажите во фрекфентен дел на предградието на Сиднеј.

-И  покрај тоа што специфичната закана што ја претставуваат овие мажи е непозната, можам да кажам дека потенцијалот за извршување на насилно дело беше таков што не бевме подготвени да го толерираме ризикот и соодветно презедовме мерки“, изјави на прес-конференција полицискиот комесар на Нов Јужен Велс, Мал Ланион, пренесе ДПА.

-Добиените информации беа дека Бонди можеби бил една од големиот број локации на кои мажите имале намера да присуствуваат, но причината за присуството е непозната, продолжи Ланион, додавајќи дека „оправдување за нивното актуелно  притворање повеќе не постои, под услов да се разгледаат доказите“.

Претходно, заменик-комесарот на полицијата на Нов Јужен Велс, Дејвид Хадсон, за радиото Еј-Би-Си Сиднеј  изјави дека постои „потенцијална сличност во некои размислувања“ помеѓу напаѓачите во Бонди и седумте уапсени мажи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Левица: Додека од чешмите во Гостивар течел отров, институциите спиеле

Kristina Kuzmanovski

Возел со 4,35 промили алкохол во крвта, полицијата го фати во Кочани

Kristina Kuzmanovski

Нови 50 проценти царини воведе САД за канадските производи

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе