Вести Свет

Мецола: Мора да сфатиме дека проширувањето е најдоброто нешто за нашата геополитичка безбедност и стабилноста

Проширувањето не е далечна перспектива, туку е реалност, тоа е тука и мора да се случи, па затоа е време Европската Унија да почне да придодава нови членки, изјави вечерва претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола пред почетокот на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел.

Ако не сфатиме дека проширувањето е најдоброто нешто што можеме да го направиме за нашата геополитичка безбедност и стабилноста, тогаш повторно ќе се собереме следната година, за шест месеци, на нов самит за Западниот Балкан без да имаме напредок, истакна Мецола.

Според неа, за проширувањето не треба да се говори само зад затворени врати, туку и на граѓаните на ЕУ треба да им се објаснат придобивките од него и да се убедат дека тоа е „вин-вин“ позиција и за Европа и за Западниот Балкан.

Мецола додаде дека паралелно со ова и ЕУ мора да се реформира, бидејќи она што функционира со 27 држави, не би можело да функционира и со 32, 33 и 34 членки.

Треба да видиме како е организиран нашиот буџет, како може да се уреди внатрешната безбедност и како да носиме одлуки. Тоа мора да се направи порано или подоцна, додаде Мецола.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе