Вести Свет Топ вести

Двајцата осомничени за нападот во Австралија, месец пред да го извршат престојувале на Филипините

Австралиските власти истражуваат патувањата на двајцата осомничени напаѓачи во Филипините, направено еден месец пред смртоносниот напад на плажата Бонди, во кој загинаа 15 лица.

Според филипинските власти, таткото и синот престојувале во земјата од 1 до 28 ноември, а австралиската полиција не ја исклучува можноста тие да биле радикализирани во тој период.

Полицијата соопшти дека во возило поврзано со напаѓачите биле пронајдени импровизирани експлозивни направи и рачно изработени знамиња на Исламска држава.

Австралискиот премиер изјави дека нападот бил идеолошки мотивиран од екстремистичка идеологија, додека истрагата продолжува со меѓународна соработка.

Меѓувреме, илјадници луѓе се собираат на Бонди Бич за да им оддадат почит на жртвите, меѓу кои има дете, верски лидер и преживеан од Холокаустот.

Низ целата земја е забележан рекорден број граѓани кои се пријавиле за дарување крв, како знак на солидарност по трагедијата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вечерва отворање на изложбата „ Трага во времето“ за 10 години Национален џез оркестар

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Изнуденото извинување не го брише срамот на Мицкоски, тоа ли е премиер, професор, пример за младите?

Дејан Дејан

Обвинителството отвори истрага за синот кој му нанел 30 убоди со нож на татко си кој претходно ја нападнал мајката на 30-годишникот

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе