Вести Свет

ЕУ санкционира нови пет поединци и четири компании кои се поврзуваат со „Росњефт“ и „Лукоил“

Советот на Европската Унија (ЕУ) донесе одлука за проширување на листата на санкционирани лица, одговорни за поддршка на т.н. руската „флота во сенка“, со додавање на уште пет поединци и четири компании. Санкционираните се бизнисмени директно или индиректно поврзани со руските државни нафтени компании „Росњефт“ и „Лукоил“.

Тие се осомничени дека контролираат бродови со кои илегално се транспортираат нафта или нафтени деривати што се извезуваат од Русија, прикривајќи го нивното вистинско потекло, со што практикуваат нерегулиран и високоризичен транспорт. На овој начин, според Советот на ЕУ, тие и овозможуваат дополнителни приходи на руската Влада за водење на војната во Украина.

Санкционираните четири правни субјекти се компании со седишта во Обединетите Арапски Емирати, Виетнам и Русија, кои поседуваат или стопанисуваат со танкери што се дел од „флотата во сенка“ со што учествуваат во кршењето на рестриктивните мерки воведени од страна на ЕУ.

На оваа листа на санкционирани поради поврзаност со „флотата во сенка“ се наоѓаат над 2.600 физички и правни лица.

На санкционираните им се замрзнати средствата во ЕУ, а на граѓани и компании од блокот им е забрането да им ставаат на располагање активи, финансии или други економски ресурси. Дополнително на санкционираните физички лица им е забрането патување, влез или транзит низ територијата на ЕУ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Во Италија запленети 770 килограми кокаин во пратка со банани

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе