Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фудбалер на Рокдејл Илинден меѓу жртвите во терористичкиот напад на плажата Бонди во Сиднеј

/

Свет

Сподели преку :

Дан Елкајам, 27-годишен фудбалер на Рокдејл Илинден, е една од 16 жртви во терористичкиот напад на плажата Бонди во Сиднеј за време на прослава на еврејски празник. Зад нападот, како што соопшти австралиската полиција стојат татко и син. Најмладата жртва имаше 10 години, а највозрасната 87.

Веста за смртта на Елкајам ја потврди и Рокдејл Илинден од Сиднеј. Клубот во објава на Фејсбук наведе дека Елкајам бил жртва на „ужасни, трагични и бесмислени случувања“ на плажата Бонди. Го опишаа како „популарен меѓу соиграчите и исклучително талентиран фудбалер“.

„Наше најдлабоко и најискрено сочувство за семејството на Дан, пријателите и сите кои го познаваа“, се наведува во објавата.

Почит за загинатиот фудбалер оддаде и францускиот претседател Емануел Макрон.

„Моите мисли се со неговото семејство и саканите на кои им изразувам целосна солидарност на Нацијата“, напиша Макрон на Икс.

Дан Елкајам е 27-годишен Французин со еврејска вероисповед. Живееше со неговата партнерка во источниот дел на Сиднеј и беше обожавател на австралискиот начин на живот.

Крвавиот напад на плажата Бонди го извршиле Саџид и Навид Акрам

Локалните медиуми ги објавија имињата на двајцата напаѓачи врз еврејската заедница на плажата Бонди во Сиднеј, во Австралија, наведувајќи дека нападот го извршиле Саџид и Навид Акрам, татко и син, објави Би-Би-Си. Таткото (50) е убиен на лице место, додека синот (24) е во болница, во критична состојба, откако вчера попладне по локално време извршија… Продолжи со читање

telma.com.mk