Вести Македонија Најважни

Стафа бил уапсен за мито што требало да му го даде на апелационен судија

Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа бил уапсен со 20 илјади евра, за кои истрагата го сомничи дека биле наменети за подмитување апелационен судија. Стафа бил уапсен вчера попладне во Скопје, а по апсењето биле извршени претреси во неговиот дом и во канцелариите.

Стафа не е уапсен во врска со неговата поранешна функција додека бил Државен правобранител, туку во врска со неговата сегашна работа како адвокат. Се товари за примање награда за противзаконито влијание.

Обвинителството соопшти дека Стафа се сомничи дека тие 20 илјади евра требало да ги употреби за поткуп на апелационен судија за олеснување на позицијата на негов клиент, односно за укинување на притворот.

Побарал 100 илјади евра, а од октомври досега зел 50 илјади евра, прво 30 илјади од сестрата на неговиот клиент, и вчера уште 20 илјади евра.

„На 13.12.2025 година директно побарал и примил уште 20.000 евра како дел од поткупот што го барал за да го даде на судијата. Непосредно по примањето на паричните средства осомничениот е лишен од слобода и кај него се пронајдени парите“, соопшти јавното обвинителство.

Стафа во моментот е адвокат. Дел е од одбраната на обвинет во случајот со трагедија во дискотеката Пулс во Кочани, а комуницираше со новинари и како адвокат на бегалецот и осомничен за даночни затајувања и перење пари во случајот Синџир Љупчо Пецов Ѓаволот.

Според извори во истрагата, требало да интервенира за укинување на притворот токму на Ѓаволот, кој е во бегство. Пецов е осомничен е како главен организатор на случајот Синџир за даночно затајување. По него е распишана меѓународна потерница и по неговото пронаоѓање треба да се однесе во притвор. Телма веќе претходно објави дека тој слободно се шетал низ Скопје и оти преку неговите адвокати барал укинување на притворот.

Стафа беше Државен правобранител од август 2018 година до август 2022 година кога беше разрешен. Во тој период поднесе кривична пријава против директорот на финансиската полиција и скопскиот јавен обвинител поради случајот Труст со неуспешната конфискација на запленетиот имот на Трансмет на Сеад Кочан. Се истражуваше и пасивното однесување на Правобранителството при заштитата на државниот имот стекнат со конфискација.

Во јавноста беше поврзуван и со случајот со несудената конзулка Бесмира Ејупи која хонорарно беше ангажирана во Правобранителството и доби безбедносен сертификат ДРЖАВНА ТАЈНА.

По заминувањето од функцијата стана адвокат, а конкурираше и за повеќе позиции во државниот систем. Последно, беше кандидат за член на Судскиот Совет, но владејачкото мнозинство во Собранието предложи полициски инспектор за прекршоци.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кој се фалел дека ќе земе паричка, а кој барал половина од 30.000 евра – телефонски разговори на обвинетите се слушаа на судењето за ИПАРД

Дејан Дејан

Наместо договор, партиите и денеска со исти обвинувања за Изборниот законик – крајниот рок за носење на законот е 15 јули

Sasko Dimovski

Уапсени двајца членови на Беланоца во Драч – едниот се бараше за убиство на офицер на АРМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе