Јапонија го укина предупредување за цунами откако силен земјотрес со јачина од 6,7 степени го погоди источниот брег на префектурата Аомори, втор пат за само една недела.
Земјотресот, со епицентар во Пацификот на околу 20 километри длабочина, предизвика мали осцилации на морското ниво, но властите соопштија дека нема опасност од поголема штета.
По иницијалниот потрес следуваа неколку послаби земјотреси со јачина меѓу 4,3 и 5,7 степени.
За кратко беше издадено предупредување за цунами со можни бранови до еден метар, а измерени беа бранови високи околу 20 сантиметри во Аомори и Хокаидо.
Повеќе од 6.000 жители привремено беа евакуирани како мерка на претпазливост.
Овој земјотрес доаѓа само неколку дена по силниот потрес од 7,5 степени во истиот регион, кој повреди најмалку 50 лица.
Јапонските власти и натаму апелираат на претпазливост, но премиерката Санае Такаичи изјави дека денешниот настан не спаѓа во категоријата на долгоочекуваниот можен „мега-земјотрес“ за кој земјата одамна се подготвува.
