Вести Свет

Бабиш: Ќе ја направам Чешка најдобро место за живот на планетата

Милијардерот Андреј Бабиш положи денеска заклетва како нов премиер на Чешка, по парламентарните избори во октомври.

Ова е втор пат Бабиш да ја врши премиерската функција по периодот од 2017-та до 2021-та година, храбро ветувајќи им на Чесите дека ќе ја направи нивната држава – најдоброто место за живот на целата планета.

71-годишниот Бабиш, кој ја моделираше програмата на својата партија АНО, во превод ДА, по примерот на движењето МАГА на Доналд Трамп, ќе ја формира чешката влада со две помали десничарски партии.

Предвидувањата на аналитичарите се дека владата на Бабиш ќе го промени курсот на Чешка и дека неговата коалиција ќе го следи примерот на Унгарија и Словачка и ќе ја прекине поддршката на Украина во војната со Русија.

Членките на неговата коалиција се исклучително критични и кон политиките на Европската Унија, особено во поглед на заштитата на животната средина и миграцијата.

Бабиш сѐ уште се соочува и со обвиненија за злоупотреба на европските субвенции и новиот парламент ќе треба да го укине неговиот имунитет за да може судот да ја објави пресудата.

„Им ветувам на сите граѓани на Чешката република дека ќе се борам за нивните интереси, не само дома, туку и секаде во светот, дека ќе дадам сѐ од себе да ја исполнам програмата на владата и дека ќе направам сѐ што можам да ја направам Чешката република најдоброто место за живот на целата планета“  – изјави Бабиш по положувањето заклетва.

Н.И

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нема повеќе граница меѓу Гибралтар и Шпанија – потпишан историски договор со Брисел

Sasko Dimovski

ЕУ го брани Меѓународниот кривичен суд откако Рубио најави кампања за негова изолација

Kristina Kuzmanovski

Кина во јуни ја проби границата од еден милион извезени автомобили месечно

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе