Првото куче спасувач во округот Алба, се пензионираше по 10-годишна кариера. Со извонредна агилност и храброст, кучето учествуваше во десетици мисии за пребарување на планини.
Златниот ретривер Јукана, сега конечно може да ужива во мирни прошетки во природа, заедно со луѓето кои ја сакаат. До нејзиното пензионирање, таа беше клучен член на тимот за спасување на планините Алба.
Има добиено сертификати за урбано пребарување и спасување, како и за спасување од лавини. Во текот на сите 10 години од нејзината кариера, таа беше спарена со Тибериу Крисбаи. Заедно, тие се приклучија на десетици мисии.
Улогата на овие кучињае од суштинско значење. Тие го скратуваат времето на пребарување и ги водат тимовите кон области до кои е тешко да се стигне.
Т.Д.
