Вести Свет

Двајца спасени, 18 загинати – несреќа со мигранти кај грчкиот остров Крит

Безживотните тела на 18 лица биле извлечени од морскиот дел југозападно од грчкиот остров Крит, откако потонал чамец со мигранти, додека пак спасени биле две лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што информираа од крајбрежната служба на Грција, започната била спасувачка акција откако половина од потонатиот чамец бил откриен од товарен брод што пловел под турско знаме, а бил во близина.

Несреќата се случила на 26 наутички милји југозападно од островот Хриси во близина на Крит.

Во спасувачката акција се вклучени два патролни брода на крајбрежната служба, еден брод на силите Фронтекс, три брода што се во близина, хеликоптер Супер Пума и авион на Фронтекс.

Досега, патролните бродови спасиле две лица, а биле извлечени 18 тела.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на нафтата бележи нов скок поради нападите меѓу Иран и САД кои не запираат

Tea Dimkovska

Онлајн трансакциите достигнаа речиси 266 милиони евра во првиот квартал од 2026 година

Promo Telma

Кривична пријава за даночно затајување за производител на кабли

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе