Словенечката полиција во Целје идентификувала маж кој во багажникот на автомобил со хрватски регистарски таблички сокрил бронзена глава од споменик на Јосип Броз Тито, висок повеќе од шест метри. Според полицијата, станува збор за маж од подрачјето на Велење.
Полицијата соопшти дека го привела сторителот, откако граѓанин пријавил дека видел маж кој става голем метален предмет во својот автомобил.
Tito ostal brez glave! pic.twitter.com/4DTu4KMTcX
— tečnoba (@tenoba4) December 5, 2025
Градската управа на Велење порача дека во најкус можен рок ќе се пристапи кон санација на штетата и враќање на споменикот во првобитната состојба.
„Почитување на културното наследство мора да биде една од клучните вредности на заедницата во која живееме“, се наведува во соопштението на Градската управа на Велење.
Градоначалникот на Велење, Петер Дермол го нарече чинот „срамотен“.
Споменикот на Тито, претседател на поранешна СФРЈ и предводник на партизанското движење, е поставенво Велење во 1999 година на иницијатива на локалната заедница, пренесува словенечката новинска агенција СТА.
